Новата модерна фабрика на LAREN официјално е отворена

Со големо задоволство ја споделуваме веста дека во Бугарија е отворена новата, современо опремена фабрика на LAREN Hotel Cosmetics. Како официјален и ексклузивен дистрибутер на LAREN за Македонија, со гордост го следиме нивниот континуиран раст, иновации и посветеност кон врвен квалитет.

Овој значаен чекор овозможува уште поголем производствен капацитет, подобрена ефикасност и постојана контрола на квалитет – гаранција дека нашите партнери добиваат само најдобри производи.

Новиот погон претставува важен момент и за нашиот пазар, бидејќи обезбедува стабилни и побрзи испораки, како и уште поширока палета на хотелска козметика по највисоки стандарди.

Најнови вести