social image

KLER

Hotel Cosmetics & Textile

KLER Hotel Cosmetics & Textile е официјален и ексклузивен дистрибутер на Laren.bg во Македонија, а нашата соработка започна како приказна со голема страст и визија.
Еден обичен деловен состанок, брзо прерасна во нешто многу повеќе – партнерство засновано на доверба и заедничка мисија да донесеме производи со висок квалитет на пазарот во Македонија.

KLER е основана со цел да претстави нешто ново и различно и да го подигне нивото на хотелската услуга преку висококвалитетна хотелска козметика и текстил. Во нашето портфолио може да се најдат различни колекции на хотелска козметика, хотелски текстил и хотелски додадотци прилагодени на потребите на помали и поголеми хотели, апарт-хотели, апартмани и други сместувачки капацитети.

Нашата мисија е јасна – да ги задоволуваме потребите и очекувањата на гостите. Затоа нудиме хотелска козметика направена од природни состојки, целосно еколошка, пријатна за кожата и косата, со свеж и софистициран мирис и модерен изглед, во комбинација со хотелски текстил кој нуди удобност, функционалност и квалитет.

Станете дел од оваа приказна – подигнете го хотелското искуство на повисоко ниво со премиум хотелска козметика и текстил!