Hotel Cosmetics & Dry Amenities
KLER Hotel Cosmetics & Dry Amenities е официјален и ексклузивен дистрибутер на Laren.bg во Македонија, а нашата соработка започна како приказна со голема страст и визија.
Еден обичен деловен состанок, брзо прерасна во нешто многу повеќе – партнерство засновано на доверба и заедничка мисија да донесеме производи со висок квалитет на пазарот во Македонија.
KLER е основана со цел да претстави нешто ново и различно, да го подигне нивото на хотелската услуга преку висококвалитетна козметика и да ги задоволи стандардите на сите типови хотели. Во портфолиото може да се најдат различни колекции прилагодени на потребите на помали и поголеми хотели, апарт-хотели, апартмани и други сместувачки капацитети.
Нашата мисија е јасна – да ги задоволуваме потребите и очекувањата на гостите. Затоа нудиме хотелска козметика направена од природни состојки, целосно еколошка, пријатна за кожата и косата, со свеж и софистициран мирис и модерен изглед.
Станете дел од оваа приказна – подигнете го хотелското искуство на повисоко ниво со премиум хотелска козметика!